Во „градот на духовите“ сепак има живи: Тие одбиле да ги напуштат домовите во Чернобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За повеќето луѓе, Чернобил е синоним за најлошата нуклеарна катастрофа во историјата. За другите, тоа е хит мини-серија за трагедија.

Loading...

Како и да е, за оние кои биле најмногу тврдоглави, тој е дом.

Ова е најопасното место во светот: Далеку поопасно и од Чернобил (ВИДЕО)

Нуклеарната катастрофа се случи во северна Украина во 1986 година. На сликите кои тогаш го обиколија светот може да се забележат пожари, луѓе во радиоактивни костуми и напуштени станбени блокови. За Чернобил наскоро се сметаше дека стана „град на духови“.

Последиците од катастрофата можеа да се мерат и во другите делови на светот.

Сепак, имаше, се разбира, мал број, кои и покрај препораките на владата да ги напуштат домовите во областа, останаа. Во ниту еден момент не сакаа да ги остават огништата.

Имаше и такви кои, набргу откако беа евакуирани од полицијата, се вратија.

Местотото на хоророт отворено за јавноста: Еве како изгледа четвртиот реактор во Чернобил (ВИДЕО)

Loading...

Нуклеарниот реактор 4, кој имаше катастрофална експлозија, емитираше зрачење 10 дена, создавајќи облаци кои носеа радиоактивни честички низ цела Европа.

Областа веднаш во и околу реакторот нема да биде безбедна за следните 20.000 години, но има спор околу нивото на безбедност во самиот град, пишува британски „Метро“.

Image by Free-Photos from Pixabay

Околу 100.000 луѓе кои живееле најблизу до Чернобил биле однесени надвор од зоната за забрана на движење на 20 километри од оштетениот реактор веднаш потоа.

Подоцна, околу една четвртина од милион луѓе беа раселени.

Влегол во нуклеарен реактор во Чернобил и затекнал сцена како од најголемиот кошмар (ВИДЕО)

И покрај ова, околу 150 до 300 луѓе едноставно ги заклучиле своите врати. Населението во зоната на исклучување дури почнало да расте, при што семејствата се преселувале во тивки, екстремно евтини населби што го опкружуваат местото.

Loading...

Канадскиот фотограф Робин фон Сванк решила да го документира животот во зоната. Очекувала да најде град на духови, но наместо тоа открила десетици луѓе кои водат секојдневен живот, иако нелегално е да се живее во црвената зона.

Зрачењето не се била  најголема непосредна закана за нејзината безбедност кога открила дека на пат кон населено место, ја следи глутница волци.

Град кој е плански граден за настраданите од Чернобил со децении е најбогат во Украина

„За среќа, предаторите веќе имаа што да јадат затоа што има голема шума во околината и не се плашат дека некој ќе ги убие“, рече таа.

Луѓето со кои разговараше беа многу гостопримливи, некои луѓе плачеа кога зборуваа за инцидентот затоа што им беше тешко да се сеќаваат на сè што поминале.

„Марија е единствената жива личност во нејзиното село и е оддалечена километри од нејзиниот прв сосед. Таа ја преживеала нацистичката инвазија на Втората светска војна, советското владеење, нуклеарната несреќа и рече дека никогаш нема да го напушти својот дом“, рече Робин.

Запознала уште една постара жена, баба Олга, која никогаш немала деца. Ѝ раскажала за нејзиниот некогаш живописен општествен живот.

Таа е единственото дете родено и израснато во Чернобил (ФОТО)

Loading...

Инаку, од неодамна заинтересираните туристи можат да погледнат во темната внатрешност на контролната соба на реакторот 4, во која избувна фатална нуклеарна катастрофа во април 1986 година.

Пред да влезат, секако, тие треба да носат Хазмат костум, бидејќи нивото на зрачење во внатрешноста на собата е сè уште повисоко 40.000 пати од вообичаеното денес, и на излез се подложени на радиолошки тестови.

Претходно, љубопитните туристи можеа да го посетат Чернобил, но само напуштените згради во близина на самата фабрика, а не и електраната.

Leave a Reply