Влегол во нуклеарен реактор во Чернобил и затекнал сцена како од најголемиот кошмар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ѕвездата на Инстаграм, Нил Ансел, со прекар Abandoned Explorer за истражување на напуштени места, одлучил да го снима својот последен проект во Чернобил.

Loading...

За време на неговата посета на остатоците од нуклеарната централа, тој направил многу видеа и фотографии, но пронашол нешто многу вознемирувачко.

Нил влегол во една од кулите за вода што биле користени за ладење на реакторот. Потоа во реакторот број пет, еден од реакторите што никогаш не бил користен.

Една од најстрашните работи што ги нашол таму биле коските расфрлани на подот. Меѓу нив имало и маска за гас, што може да доведе до заклучок дека станува збор за човечки остатоци.

Како и да е, тој открил дека тоа биле остатоци од животно.

„Не знам на кое животно може да припаѓаат коските. Без оглед на тоа, имаше огромни коски. Ова е навистина чудно место за да ги пронајдете толку многу коски“, рекол тој.

Реакторот број пет бил во изградба во моментот на експлозијата во 1986 година, само 70 проценти бил завршен, но бил напуштен по несреќата.

Нил, исто така, пронашол кран во распаѓање.

Loading...

Leave a Reply