Во Германија уапсени двајца Сиријци. Планирале терористички напади?

Сподели со своите пријатели

Германската полиција денеска уапси двајца Сиријци во Хамбург и Кемптен под сомнение дека планирале терористички напади со исламистичко потекло.

Loading...

„Двајцата уапсени се осомничени дека заеднички подготвувале напад со радикално исламистичко и џихадистичко потекло, што би го извеле со помош на појас со експлозив“, се вели во соопштението на Државното обвинителство во Хамбург.

Двајцата осомничени Сиријци се браќа, од кои 28-годишниот живеел во Хамбург, на северот на земјата, а неговиот брат, четири години помлад, во јужниот германски град Кемптен.

Главниот обвинет, кој беше уапсен во Хамбург, изминативе неколку недели се обидувал да добие материјал за склопување на експлозивна направа преку платформата eBay.

Властите не соопштија дали потенцијалните напаѓачи веќе ја утврдиле целта на нападот.

Минатата недела Сириец нападна луѓе со нож во теретана

Министерот за внатрешни работи на градско-федералната провинција Хамбург, Енди Гроте, ја пофали работата на полицијата и истражните органи во спречувањето на терористички напад.

„Овој случај уште еднаш покажува дека нашите безбедносни власти мора да продолжат да бидат внимателни за да не заштитат од екстремистички напади“, рече Гроте.

Државното обвинителство во Дуизбург соопшти дека води истрага дали и нападот со нож, извршен минатата недела во салата во тој град, бил терористички напад.

Loading...

Во нападот се повредени четири лица, од кои едно потешко.

Во меѓувреме кај Сириецот осомничен за тој напад биле пронајдени материјали со исламистичка содржина.

Во последните години Германија постојано беше цел на терористички напади со исламистичка позадина. Во 2016 година, исламист од Магреб влета со камион на божиќен пазар во Берлин, при што загинаа 12 лица.