Во Брисел почнува дводневен самит на ЕУ, а најавено е учество и на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Во Брисел денеска почнува дводневниот Самит на ЕУ, со работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа на лидерите преку видео конференција ќе им се придружи и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, вели дека ЕУ ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да ѝ помогне на Украина“, што вклучува продолжување на работата за користење на замрзнатите руски средства.

„Она што е најважно, од нашиот последен состанок во февруари, работиме на итно зголемување на производството и снабдувањето со муниција во Украина. Нашата цел е да и обезбедиме на Украина еден милион куршуми муниција во следните 12 месеци и да обезбедиме соодветно финансирање. За таа цел ќе треба да преземеме мерки за зајакнување на производствените капацитети на европската одбранбена индустрија“, рече Мишел.

На 20 март, министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ во Брисел го одобрија планот за испорака на „еден милион парчиња артилериска муниција во Украина како дел од заедничките напори во следните дванаесет месеци“.

Две милијарди евра европски пари ќе го кофинансираат проектот, а 27-те лидери на ЕУ треба да го одобрат овој план на највисоко ниво.

Мишел наведува дека, по Украина, втора тема денеска ќе биде долгорочната конкурентност на ЕУ како испитување на начините за зајакнување на иновативниот капацитет на ЕУ и зајакнување на унијата на пазарот на капитал со цел да се поттикнат технолошките инвестиции.

Што се однесува до енергијата, приоритет на ЕУ е да гарантира сигурност во снабдувањето по пристапни цени.

„Ќе разговараме за начините за постигнување на оваа цел“, најавува Мишел.

Loading...

Тема на самитот ќе биде и миграцијата. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шведското претседателство ќе дадат краток извештај за миграцијата.

Евро-самитот е закажан за петок, 24 март.

Соочени со потенцијално нестабилна финансиска ситуација во светот, на лидерите на ЕУ ќе им се придружат Паскал Донохое, претседател на Еврогрупата и претседателката на ММФ, Кристин Лагард, за да разговараат за координацијата на фискалните политики, економското управување и финансиската архитектура на економската и монетарната унија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.