Во Австрија се судрија два воза

Сподели со своите пријатели

Во Австрија дошло до судир на два товарни воза.

Loading...

Несреќата се случила утрово во 4 часот и 23 минути во реонот на станицата Фурниц, кај Вилах.

Еден од товарните возови кој се судрил влечел цистерна натоваренa со многу запалив керозин, поради што настанал пожар на неколку вагони, кој е под контрола на пожарникарите.

Од еден вагон истекle 64.000 литри керозин, па експертите се на терен за да преземат соодветни мерки.

Двајцата машиновозачи се спасени и префрлени во болница со полесни повреди, јавуваат австриските медиуми.

Локалните и долгите возови ќе бидат пренасочени, а постојките Фирниц и Нојхаус/Гајл нема да сообраќаат.