Во 87 секунди прикажана една година година од војната во Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На првата годишнина од војната во Украина, Би-Би-Си објави интересно видео кое ги прикажува клучните настани од руската инвазија за само 87 секунди.

Loading...

Видеото ги прикажува сите клучни моменти; од почетокот на инвазијата до ноќното обраќање на претседателот Зеленски од улиците на Киев, преку санкциите на Западот против агресорот, како и отпорот и бунтот на „малите луѓе“, храбрите Украинци.

Ја прикажува и посетата на Зеленски на САД, односно посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев и неодамнешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин, во кој најави продолжување на војната.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.