Во 2025 година во Украина ќе се произведуваат турски борбени дронови „Бајрактар“

Сподели со своите пријатели

Турската компанија Бајкар планира во 2025 година во Украина да започне со производство на борбени беспилотни летала Бајрактар ​​ТБ2 и Бајрактар ​​Акинџи, соопшти денеска извршниот директор на таа компанија Халук Бајрактар.

Loading...

„Изградбата се одвива според планот, а почетокот на производството е закажан за 2025 година“, рече тој, пренесе Тас.

Бајрактар ​​изјави дека главниот дел од подготвителните работи во фабриката е веќе во тек, а се очекува фабриката да биде електрифицирана во јули годинава.

Во август минатата година беше објавено дека во Украина започна изградбата на фабрика за производство на турски дронови Bayraktar.

Украинскиот амбасадор во Турција, Басилиј Боднар, тогаш изјави дека изградбата ќе трае неколку месеци, а производството ќе започне пред крајот на 2023 година.

Меѓутоа, во интервју за „Укринформ“ објавено во јануари, Боднар изјави дека борбите довеле до промена на првичните планови, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.