Во 16 часот закажана седница на Владата

Сподели со своите пријатели

Влада на Република Северна Македонија денеска со почеток во 16 часот ќе одржи редовна седница.

Loading...

На седница се очекува да се разгледуваат препораките на Комисијата за заразни болести која утринава препорача укинување на полицискиот час, отворање на границите на 1ви јуни, како и отворање на градинките и угостителските објекти.

Треба да се изготви протокол за функционирање на сите стопански субјекти, протокол за патувањата и работење на градинките.

Според неофицијални информации, предлогот за целосно укинување на полицискиот час доаѓа бидејќи граѓаните не се придржувале и онака до досега пропишаните мерки во периодот кога е дозволено движењето.

За одлуките, прес службата на Владата ќе информира по завршување на денешната седница.

Никола Ивановски

Leave a Reply