Владата предлага продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни

Сподели со своите пријатели

Владата вечерва потврди дека ќе достави до Собранието предлог за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година.

Loading...

Ваквата одлука, како што се посочува во соопштението од владината прес-служба, е донесена на денешната седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

На 20 ноември беше прогласена 30-дневна кризна состојба. Таа трае до 19 декември.

Билјана Анастасова-Костиќ

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *