Вистинската цел на Америка е да добие пристап до руските бази за нуклеарно оружје, вели рускиот амбасадор

Сподели со своите пријатели

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов денеска изјави дека целта на Вашингтон е да добие информации за развојот на рускиот стратешки арсенал.

Loading...

„Вашингтон долго време го крши „духот“ на договорот СТАРТ. Тој ги напушти, не само принципите од преамбулата, туку и одби да ги почитува главните ограничувања поврзани со бројот на стратешко оружје“, рече Антонов, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека уште поважен фактор доведе до актуелната криза, а тоа, според него, е хибридната војна што американската администрација ја започна против Русија, со цел да и наметне стратешки пораз.

„Вистинската цел на САД е да добијат пристап до базите на руското нуклеарно оружје за да добијат информации за развојот на нашиот стратешки арсенал“, рече Антонов.

Претходно оваа година, рускиот претседател Владимир Путин го суспендираше учеството на земјата во договорот СТАРТ, кој беше поврзан со контролата на нуклеарното оружје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.