ВИСТИНСКА МОГЛИ: Израснала во друштво на опасни ѕверови, најдобри пријатели и биле слонот и леопардот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека повеќето родители не би го пуштиле своето дете близу до животински свет, Силвија и Алан Дегри од Франција ги поминале првите 10 години од животот на својата ќерка Типи во дивината на Африка, каде што девојчето се дружело со тигри, ноеври, слонови, мајмуни и змии.

Loading...

Ќерката на француски фотографи е родена во Африка, каде го помина поголемиот дел од детството.

Таа пораснала меѓу дивите ѕверови, затоа многумина ја споредуваат со Могли од познатата „Книга за џунглата“.

фото: Youtube printscreen

До десет години, нејзиното поле за играње бил скоро целиот континент Африка.

На ова долго патување, Силвија и Алан ја сликаа својата ќерка во друштво на слонови, ноеви, ракуни, змии и други животни. Без никаков страв, таа се играла и позирала со нив.

Денес, Типи има 26 години и во својата книга „Типи: Мојата книга за Африка“, таа го опишува своето детство и живот со дивиот свет и африканските Химба и Сан луѓето, пренесува Дејли Меил.

Loading...

Книгата се базира главно на нејзиниот живот во Мадагаскар и Намибија.

фото: Youtube printscreen

За време на своето образование во Намибија, Типи се дружела со животни, особено со слонот што го именувала Абу, леопардот Xej, но и крокодилите, жирафите, змиите.

Во моментов живее во Париз, каде што ги завршилa студиите по режија.

Leave a Reply