Виктор Орбан: Украинците нема да победат на фронтот

Сподели со своите пријатели

Стратегијата на ЕУ за конфликтот во Украина „пропадна“ и блокот треба да излезе со дополнителен план бидејќи Украинците нема да победат на фронтот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

На маргините на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, Орбан изјави дека се води „голема битка“, особено за поддршката за Украина.

Според него, Унгарија не гледа причина зошто би ги испратила парите на своите даночни обврзници како поддршка за Украина.

ЕУ во декември треба да донесе одлука за ревидирање на својот долгорочен буџет од 1,1 трилиони долари, кој е веќе оптоварен од итни трошоци за време на пандемијата „Ковид-19“ и конфликтот во Украина, пишува Ројтерс.

Европската комисија предложи членките да одвојат дополнителни средства во заедничкиот буџет со цел да се обезбедат 50 милијарди евра за Украина и дополнителни 15 милијарди евра за миграција.

Според дополнителниот предлог, за Украина ќе бидат издвоени 20 милијарди евра воена помош.

– Сметаме дека овој предлог не беше соодветно обработен и не е погоден да биде основа на сериозни предлози, поради што моравме да го одбиеме. Беше голема борба, особено за прашањето за Украина – потенцира Орбан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...