Викендов казнети 130 возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 130 возачи биле казнети викендов поради сторен прекршок,  а најголем дел од нив поради пребрзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, велат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат дека на подрачјето на СВР Куманово биле санкционирани вкупно 130 возачи од кои 94 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола, 7 за нерегистрирано возило…

Од МВР потенцираат дека, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски