Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени. Индексот на УВ зрачење ќе биде многу висок со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 16, а во попладневните 36 степени целизусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува 18 степени, а благ пад ќе има кај максималната која ќе достигне 34 степени целзиусови.

 

 

Недела носи дополнителен пад на температурата, но и натаму ќе се задржи релативно топло време. Температурата ќе се движи од 17 степени во утрински часови до 31 степен во текот на денот.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply