Викенд прогноза за Куманово: Дождот продолжува…

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Loading...

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25l/m²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со грмежи и дожд, кој наместа ќе биде пороен.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.

Од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за кумановскиот регион е издадено портокалово предупредување за невреме со грмотевици и уште едно за дожд.

 

 

Утре во кумановско повторно ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад.

Температурата ќе се движи од 13 степени во утринските часови до максимални 17 во текот на денот.

 

Loading...

 

Недела носи повторно претежно облачно време со кратки сончеви периоди во претпладневните часови. Попладне ќе има услови за дожд и грмотевици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 22 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник се очекува конечно стабилизирање на временската состојба.

Loading...

Никола Ивановски