ВИКЕНД МЕТЕО: Никаде без чадор

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта од запад се прошири облачност, понекаде дуваше претежно слаб југоисточен ветер.

Loading...

Утринава беше претежно сончево само на крајниот исток.

Претпладне умерено до значително облачно, попладне претежно во западните делови ќе има повремен дожд. На повисоките планини ќе има повремен снег.

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен југисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб ветер од југ, а максималната дневна температура ќе достигне 14 степени.

За време на викендот во кумановско ќе имаме врнежливо време.

Loading...

Утре наместа ќе има и услови за грмотевици, а максималната дневна температура ќе достигне 12 степени.

За два степени посвежо ќе биде во недела, кога исто така ќе имаме врнежи од дожд.

Веќе со стартот на новата работна недела врнежите ќе престануваат.

Leave a Reply