Вчера попладне казнети 37 возачи за пребрзо на територија на Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 37 казни напишала полицијата во текот на попладневните часови вчера на подарчјето на Куманово поради управување возило со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (26.11.) во периодот од  16 до 22 часот на подрачјето на Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 37 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, како што додаваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски