Вархеји: Планот за раст за Западен Балкан може да ги удвои економиите на земјите во следните 10 години

Сподели со своите пријатели

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји во Тирана изјави дека Планот за раст за Западен Балкан е амбициозен и дека земјите од регионот ќе го искористат за тројно да ги зголемат своите економии во следните 10 години.

Loading...

„Имаме доверба во Западен Балкан дека може да ги искористи овие придобивки. Сметаме дека овој план може да придонесе за удвојување на економијата на Западен Балкан во следните 10 години, што значи намалување на развојниот јаз со просекот на ЕУ“, рече тој на почетокот на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на ЕУ за европската интеграција на регионот и спроведувањето на Планот за раст на ЕУ во Западен Балкан.

Тој додаде дека иако Европската комисија е при крај на својот мандат, сака да остави зад себе нешто што е сериозно и опипливо за да се забрза процесот на проширување.

Интеграцијата, рече Вархеји, не значи само администрација, туку и социјална и економска интеграција на регионот во ЕУ.

„Што исто така значи дека ЕУ веќе треба да ги обезбеди придобивките од членството уште пред самиот пристап“, рече тој.

Комесарот исто така нагласи дека регионот треба побрзо да оди напред, да ги спроведува реформите и дека планот ќе функционира само со нивно спроведување.

Лидерската средба е затворена за јавноста, а по неа пред медиумите ќе се обратат Вархеји и албанскиот премиер Еди Рама, кои се и домаќини на средбата во Тирана.

Освен нив, на средбата присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Македонија, Талат Џафери и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, а немаше претставници на Црна Гора и Косово.

Loading...

Самитот е посветен на Планот за раст на Западен Балкан, кој предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се поволни заеми обезбедени од ЕУ.

Целта е да се поттикне економскиот раст на регионот и да се забрза социоекономската хармонизација.

Планот, усвоен од Европската комисија во ноември, го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада од Западен Балкан шест да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите што ги има спроведено во тој период.