Вака некогаш нашите оделе на море: Со „фиќо“ и „тристаќ“: Како тоа изгледало во 1973та? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Одморите во Милочер чинеле 715 марки, во хотелот „Авала“ во Будва 545 марки, во бунгалови на Лапад 445, и во дубровничкиот хотел „Стадион“ 420 марки.

Loading...

На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од архивата на СФРЈ направено во 1973 година, кое покажува како изгледало одењето на одмор.

„Утро е и овие моторизирани туристи од Чехословачка се обидуваат да ги качат своите шатори во автомобили што е можно поскоро, бидејќи сакаат да се капат во морето истиот ден“, го започнува нараторот описот на одморот во раните 1970-ти години.

Покрај чехословачките туристи, видеото ги споменува неизбежните сообраќајни метежи, а патувањето по Јадранската магистрала понекогаш го прекинуваат туристите поради смоквите покрај патот, а понекогаш и поради краткото пливање.

 

Нараторот го следи патувањето од Плитвички езера до Биоград, а особено ги нагласува убавините на 16 Плитвички езера, истовремено жалејќи се дека патот е премногу тесен за голем број автомобили и автобуси што поминуваат таму секој ден.

„Нашето патување заврши, а самата глетка на немирното море им враќа добро расположение на уморните патници“, со овие зборови завршува снимката, како и патувањето до крајната дестинација.

Loading...

Тогаш цветаше југословенскиот туризам. Од кои земји доаѓале повеќето туристи и на кои места летувале? Кои биле цените на аранжманите во Југославија, а кои во познатите европски летни одморалишта?

Како што било напишано во „Илустрирана политика“ од 1967 година, југословенскиот туризам тогаш добивал признание низ целиот свет.

Италија и Шпанија нѐ сметале за конкуренти, но големата шанса сѐ уште не била искористена. Заработувани биле околу 200 милиони долари, иако можело и повеќе.

Според статистичките податоци, заклучно со септември, таа година летувале 3.344.000 странски туристи во Југославија, што е за 184.000 повеќе отколку во истиот период претходната година, објави Б92.

Најголем број гости пристигнале од Германија, Австрија и Италија. По нив, повеќето туристи доаѓале од Франција, Чешка и Велика Британија.

Најголем интерес имало за крајбрежните летни одморалишта, потоа за планините и бањите. Од крајбрежните места, најпосетени биле Петровац на Мору, Краљевица, Мали Лошињ, Пореч, Селце, Водице, Умаг, а потоа Опатија, Херцег Нови, Дубровник, Сплит и Порторош.

Во 1967 година, имало 20 милиони туристи – оние кои одат на екскурзии, службени патувања или се во транзит. Исто така, имало зголемување на бројот на домашни туристи во споредба со 1966 година – 3.924.000.

Бројот на Југословени кои патувале во странство исто така се зголемил – до септември 1967 година, 4.360.000 Југословени патувале во странство, што е голем исчекор од 1.887.000 во истиот период претходната година.

Loading...

Туризмот започнал да цвета кон крајот на педесеттите и раните шеесетти години, а рекламирањето на светскиот туристички пазар донело евтиното сместување во хотел, храната и превозот.

Одморите во Милочер чинеле 715 марки, во хотелот „Авала“ во Будва 545 марки, во бунгалови на Лапад 445, и во дубровничкиот хотел „Стадион“ 420 марки.

Од друга страна, во познатите европски одморалишта цените биле следни – празници во Мајорка чинеле од 379 до 585 марки, во романското летувалиште Мамаја од 399 до 561 марка, на италијански Римини 309 – 388, во Капри 449 – 738 марки, во Златни песоци во Бугарија од 358 до 598 марки.