Утревечер без вода ниската и средна зона во Куманово

Сподели со своите пријатели

На ден 16 февруари 2019 година (сабота наспроти недела) со почеток од 23:00 часот времено ќе биде затворена вода за ниска и средна водоводна зона во град Куманово, поради вградување на мерна опрема и замена на стари затворачи со нови во круг на Фабрика за преработка на вода за пиење (Филтер,станица).

Loading...

Како што стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, во повисоките делови на ниска и средна водоводна зона во градот ќе имаа недостиг на вода, додека во пониските делови ќе биде намален притисокот во водоводната мрежа, во високата водоводна зона водоснабдувањето ќе биде нормално.

Предвидените активности се планира да бидат завршени во најкраток рок при што водоснабдувањето ќе биде нормализирано во тек на раните утрински часови.

Предвидените активности се дел од проект “За употреба и одржување на дел од водоснабдителниот систем на град Куманово” и се реализира преку Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија, а изведувач на овој проект е претпријатието „ЦМЦ“ од Скопје.

Leave a Reply