Утре започнува 2. Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“

Сподели со своите пријатели

Вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“ започнува утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и ќе трае три дена.

Loading...

Во организација на Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура, три вечери кумановци ќе имаат можнсот да уживаат во богатата понуда на фестивалот.

Настанот започнува утре во 18 часот со дефиле на учесниците низ улиците на градот, по што во 19:30 часот започнува и свеченото отворање во НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Утре освен домажините, КУД „Панче Пешев“ од Куманово, со свои точки ќе настапат и Ансамбл „Битола“ од Битола, Ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија, Ф.А. ЈУ „Захумље“ од Никшиќ, Црна Гора како и Ф.А. „Славеј“ од Софија, Република Бугарија.

Освен нив ќе настапат и „Вараждински фолклорен ансамбл“ од Вараждин, Хрватска како и Уметничкиот центар „Талија“ од Белград.

Втората вечер започнува во 19:30 часот кога кумановската публика ќе може да ужива во настапите на КУД „Дрита е Дервенит“ од Сарај, АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје, „Славеј“ од Бугарија, Ф.А. ЈУ „Захумље“ од Никшиќ, Црна Гора, „Вараждински фолклорен ансамбл“ од Вараждин, Хрватска како и Уметничкиот центар „Талија“ од Белград.

Третата и последна вечер ќе се одржи во недела со почеток во исто време и на исто место, а настапи на затворањето на настанот ќе имаат КУД „Дримкол“ од Вевчани, домаќините КУД „Панче Пешев“, како и гостите од Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Србија.

Никола Ивановски

Loading...