Утре вонредна крводарителска акција во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово утре  организираа вонредна летна крводарителска акција, која ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во период од 9:00 до 15:00 часот.

Loading...

– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија, стои во соопштението на Црвениот крст.

Посебен апел од организацијата упатуваат до крводарителите со крвните групи А+ и 0+, но секако се добредојдени и крводарителите со останатите крвни групи.

– Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, порачуваат од Црвен крст Куманово.

Никола Ивановски