Од утре до петок од 11:55 до 17:00 часот на Градскиот плоштад во Куманово ќе биде отворена книга за собирање на потписи за законските измени и подзаконските акти како и правилници кои се однесуваат на лицата со попреченост и нивните семејства.
Од Здружнието „Инклузива“ апелираат кумановци да дојдат и да ја дадат својата поддршка за подобра иднина и достоинствен живот на лицата со попреченост и нивните семејства.