Утре стабилизирање на времето, но не за долго

Сподели со своите пријатели

Во попладневните часови денеска ќе се задржи нестабилно време со локален дожд и грмежи.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно време во претпладневните часови. Попладне ќе настапи наоблачување кое ќе донесе врнежи од дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 26 степени целзиусови.

Веќе утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а за време на викендот и во почетокот на наредната седмица повторно ќе има услови за појава на попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и за време на викендот ќе дува засилен северозападен ветер.

Никола Ивановски

Leave a Reply