Утре без струја овие локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без струја во текот на утрешниот ден ќе бидат две населби и едно село во Куманово, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Утре во период од 08:30 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од населбите Ајдучка Чешма и Иго Тричковиќ.

Во период од 10:00 до 12:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени за корисниците од селото Четирце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Никола Ивановски