Уште 3 дена за апликација на јавниот повик за ангажирање на невработени лица во Проектот „Локална мрежа на услуги“

Сподели со своите пријатели

Јавниот повик за ангажирање на невработени лица во Проектот „Локална мрежа на услуги“ којшто е дел од Програмата Општинско – корисна работа 2021, објавен на 05.08.2021 година, трае уште три дена, односно заклучно со 13.08.2021 година.

Loading...

Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица од следниве образовни профили да поднесат Пријави за учество во Агенција за вработување-Центар за вработување Куманово за 11 ( единаесет) работни позиции и тоа:

– 7 (седум) Образовни асистенти:

Потребни квалификации: ВСС – Професор по одделенска настава (на македонски и на албански јазик соодветно), Педагог, Психолог, Дефектолог (Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост), Социјален работник (во исклучителни случаи), Социолог (во исклучителни случаи) или слично.

– 4 (четири) Асистенти за информирање и упатување за остварување на социјална помош:

Потребни квалификации: ВСС – Социјален работник, Педагог, Психолог, Дефектолог (Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост) и слично; ССС- медицинска сестра, гимназиско образование и слично.

Висината на месечниот надоместокот на ангажираните лица ќе изнесува 9.000 денари (бруто износ), во кој е вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за  скратено работно време од 4 часа дневно секој работен ден.

Подетални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Куманово кај лицето Тања Стефановска- Општински координатор за Програмата ОКР и Ивана Костовска заменик- Општински координатор за Програмата ОКР, во Агенција за вработување – Центар за вработување Куманово кај лицето Благица Јовановиќ и во  ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска, и на следниот линк.

Loading...