Унгарија го казни Фејсбук: Треба да плати 4 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Унгарската агенција за конкуренција нареди на Фејсбук да плати 1,2 милијарди форинти, или нешто помалку од четири милиони долари, поради измама на корисниците, што е најголема ваква казна во историјата на земјата.

Loading...

Суштината на овој случај е тврдењето на унгарската агенција дека Фејсбук ги рекламира своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активностите и податоците на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Пресудата на „Фејсбук“ следеше по неколку недели шпекулации дека Унгарија ќе ја казни оваа социјална мрежа.

Унгарската агенција за конкуренција, исто така, рече дека пораката на Фејсбук, која се користи за рекламирање бесплатни услуги, била поставена на почетокот на 2010 година и била отстранета на крајот на октомври оваа година.

Leave a Reply