Украинските војници се жалат: Западните инструктори погрешно не обучуваат

Сподели со своите пријатели

Западните инструктори не можат ефикасно да ги обучуваат украинските војници да се борат против руската армија поради недостаток на потребното искуство, вели новинарката Изобел Кошив во написот објавен на порталот „Отворена демократија“.

Loading...

Украинските војници не се обучени за вистинска војна, смета таа.

Според неа, припадниците на 41-та бригада на вооружените сили на Украина ја критикувале обуката на западните инструктори кои „не разбираат против каков непријател се бориме“.

Според нив, за време на обуката, инструкторите на НАТО обрнуваат премногу внимание на примерите од операциите на Блискиот Исток, каде што главно било да се чистат зградите и да се идентификуваат милитантите меѓу цивилното население.

За украинските војници тоа „во основа не е важно“, велат војниците.

– Не сакам да кажам ништо против нашите партнери, но тие навистина не ја разбираат нашата ситуација и како се бориме, така што главната и сложена обука се одвива овде (во Украина), ѝ рекол на новинарката украински наредник под кодно име Холанѓанец.

Тој додал дека „во најголем дел (западните инструктори) се бореле во урбани услови, додека ние сме главно на рамно тло“.

Претходно весникот „Обсервер“ бавноста на украинската контраофанзива ја поврза со тоа што Западот направи грешки при обуката на украинските вооружени сили.

Loading...

Наводно, западните инструктори долго се двоумеле да започнат со обука на украинските војници во соработка со неколку гранки на војската на боиштето, тренувајќи единици поединечно.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.