Украинците почнаа да го подготвуваат теренот за контраофанзива

Сподели со своите пријатели

Украинските сили почнаа да го подготвуваат теренот во очекување на контраофанзива, изјавиле за Си-Ен-Ен висок функционер на Пентагон и друг висок западен функционер.

Loading...

Подготовката на копното вклучува напади врз цели како што се складишта за оружје, командни центри и оклопни и артилериски системи за да се подготви фронтот за продирање на копнените сили.

Тоа е стандардна тактика која се изведува пред големите офанзивни операции на комбинираните сили.

Зеленски: Ни треба уште малку време

Кога Украина започна успешни контраофанзиви на југот и североистокот на земјата на крајот на минатото лето, им претходеа слични воздушни напади кои го подготвија фронтот за пенетрација на копнените сили.

Таквата подготовка на теренот може да потрае неколку дена или недели пред да започне офанзива, изјави висок американски функционер за Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја „треба уште малку време“ пред да започне контраофанзива.

Тој објасни дека Украинците сакаат да чекаат уште неколку испораки на ветеното западно оружје

„Со она што го имаме можеме да почнеме и да бидеме успешни, но би изгубиле многу луѓе, што е недозволиво. И затоа треба да почекаме. Ни треба уште малку време“, рече Зеленски вчера во интервју за неколку европски јавни телевизиски станици.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.