Украина се обидела да го убие Путин со дрон, тврдат германски медиуми

Сподели со своите пријатели

Агенти на украинската тајна служба се обиделе да го убијат Владимир Путин со дрон камиказа наполнет со експлозиви, но нивната строго тајна мисија пропаднала откако дронот паднал неколку километри од нивната цел, објави германски Билд во истрагата.

Loading...

Телеграф не можеше самостојно да ги потврди овие наводи, додека украинската и руската страна се уште не ги коментираа овие шпекулации.

Украинските служби наводно лансирале беспилотно летало UJ-22 од Украина во неделата, натоварено со 17 килограми експлозив, со цел да стигнат до новоизградениот индустриски кварт во близина на Москва што Путин требало да го посети, тврди германскиот весник „Билд“.

Но, пред смртоносниот дрон да стигне до индустрискиот парк Руднево со наводна мисија да го убие рускиот лидер, се урнал на само неколку километри од местото, тврди Билд, цитирајќи го твитот на украинскиот активист Јуриј Романенко.

Романенко, кој тврди дека има блиски врски со киевските разузнавачки служби, рече дека агентите на украинската тајна служба добиле „информации“ за очигледното патување на Путин на индустриската локација и решиле да го лансираат смртоносниот дрон во обид да го убијат претседателот.

Тој тврди дека дронот УЈ-22 со 17 килограми експлозив Ц4, кој се урна во селото Вороского, на околу 20 километри источно од индустрискиот парк Руднево, бил оној што го лансирале украинските сили како дел од обидот за атентат.

„Путин, се приближуваме. Сите ја видоа веста за дронот што полета во Москва и не експлодира? Значи, овој дрон леташе со причина. Минатата недела нашите разузнавачи добија информации дека Путин оди во индустрискиот парк во Руднев. Според тоа, полета нашиот камиказа дрон, кој прелета низ сите ПВО на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“, напиша Романенко, пренесува Билд.

Во неделата во близина на селото Ворокого се урна беспилотно летало UJ-22, а на социјалните мрежи, вклучително и Телеграм, беа објавени слики, на кои се гледа уништениот дрон во шума во близина на Москва.

Loading...

Билд, повикувајќи се на Романенко, тврди дека дронот требало да удри во индустрискиот парк Руднево и да го убие Путин, кој наводно се очекувал на местото во неделата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.