Украина: На дронот што вчера го погоди Киев пишуваше „Среќна Нова Година“

Сподели со своите пријатели

На дронот што синоќа го погоди Киев, наводно пишувало порака „Среќна Нова Година“, објави Киев пост, повикувајќи се на слики од началникот на киевската полиција.

Loading...

За потсетување, бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади плачеа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на новогодишниот ден.

Фрагменти од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетија автомобил во центарот на главниот град, но прелиминарно нема повредени или жртви, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Градската воена управа на Киев соопшти дека се уништени 23 „воздушни објекти“ лансирани од Русија.

Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци и не и се гледа крајот.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.