Украина има повеќе од 30.000 војници околу Бахмут, откриваат документите на Пентагон

Сподели со своите пријатели

Украина распореди повеќе од 30.000 војници во и околу Бахмут (Артиомовск на руски), според „Њузвик“ повикувајќи се на американски тајни документи, кои беа обелоденети на мрежите.

Loading...

Дванаесет украински бригади, кои бројат околу 30.500 луѓе, се распоредени на „оската Бахмут“, се додава.

Според последните информации, руските сили контролираат повеќе од 80 отсто од градот.

Воени експерти наведуваат дека во областа Бахмут биле уништени неколку оклопни возила од турско и италијанско производство, кои биле дадени на Украинците, како и дека загинале и членови на британски, американски и фински воен персонал.

Руски воени експерти наведуваат дека клучна улога во рускиот пробив има артилерија и дека за максимум две недели може да се очекува руските сили да преземат целосна контрола врз тој град и област.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.