УХМР со најава за многу топло време и температури над просекот

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде многу висок, со коефицинет 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со максимална дневна температура од 27 степени.

Како што најавуваат од УХМР, под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината и ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени.

Во следните два дена ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Никола Ивановски

Leave a Reply