УХМР со најава за дожд, снег и силен ветер

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажен бран денес попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Loading...

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка (15-25см), а помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во Повардарието каде врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер(над 60км/час), утре температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Во Куманово и околината во текот на денот се очекуваат претежно врнежи од дожд, а истите во снег ќе преминат доцна ноќва.

 

Неделна временска прогноза за Куманово

Loading...

Никола Ивановски