Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне почнувајќи од западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне седум степени целзиусови. Во текот на ноќта ќе дојде до зголемување на облачноста што ќе донесе услови за врнежи од слаб снег, а температурата ќе се спушти околу еден степен над нулата.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти еден степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне три степени целзиусови.

Сончево и стабилно време ќе имаме в среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Во утринските часови температурата ќе се движи околу четири степени во негатива, а максималната дневна се очекува да се искачи до 6 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во четврток. Ќе дува слаб ветер од источен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во негатива, а максималната дневна се очекува да се искачи до 9 степени целзиусови.

Сончево и стабилно време ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до -1 степен целзиусови, додека максималната дневна се очекува да достигне 9 степени.

Претежно сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето на првиот ден од претстојниот викенд. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне до 8 степени целзиусови.

Облачно време со услови за врнежи од снег ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да достигне четири степени целзиусови.

 

 

Влажно време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски