УХМР со најава за дожд и благ пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на утрешниот ден ќе има краткотрајна дестабилизација на атмосферата која ќе предизвика зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Ќе има услови и за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се намали за 3 до 5 степени.

Од УХМР, препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во текот на денешниот ден времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, а вдолж Повардариети и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе достигне од 35 до 42 степена.

Никола Ивановски