УХМР: Пороен дожд и грмежи во северните делови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, а попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните темпратури ќе се движат од 11 до 16 степени, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 20 до 28 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со многу малку сончеви периоди, а во попладневните часови се очекуваат и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 23 степени целзиусови, а услови за дожд и грмотевици се очекуваат и во вечерните часови кога температурата ќе се спушти до 11-от степен.

Од среда нашето подрачје ќе потпадне под влијание на сува и многу топла воздушна маса од југ. Особено топло ќе биде во деновите од продолжениот празничен викенд, кога днавната температура на места ќе достигне 40 степени, предупредуваат од УХМР.

 

Loading...