УХМР најавува нови обилни врнежи

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нови обилни врнежи од дожд и снег, како и засилен јужен ветер.

Loading...

– Утре времето ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови, информираат од УХМР.

Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд.

Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м 2 воден талог. Ќе дува засилен јужен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој води во Старо Нагоричане на претседателските избори?

Целосната неделна временска прогноза за Куманово може да ја прочитате ТУКА.

Никола Ивановски