Неделна прогноза за Куманово: Ќе има ли уште снег?

Сподели со своите пријатели

Во првата половина од ноќта низ Македонија беше малку до умерено облачно со слаб, а долж Повардарието и во источните делови со умерен ветер од северен правец. На истокот провејуваше слаб снег.

Loading...

Во втората половина се разведри насекаде, а јачината на ветерот се намали, па утрово е ведро, претежно тивко и студено.

Во текот на денот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе имаме сончево и студено време, а во западните делови со мала до умерена облачност.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од снег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која е излезноста до 17 часот во Старо Нагоричане?

Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и студено време. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу пет степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне само еден степен над нулата.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а дневниот максимум ќе достигне до шестиот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Липково со рекордно ниска излесност за претседателските избори

Среда носи променливо облачно време, со услови и за малку сонце и за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални -5 до максимални 5 степени целзиусови.

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во четврток кога ќе имаме и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата по утринските еден степен, во текот на денот се очекува да се искачи до седум степени целзиусови.

Loading...

 

 

Облачно, но со врнежи од дожд кон крајот на денот, ќе биде во петок, кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна до 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласаа во првите два часа во Липково?

Сабота носи сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе биде во интервал од четири степени во утринските часови, до максимални 14 во текот на денот.

Во недела ќе имаме променливо облчано време со услови за дожд, но и за сонце. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и североисток, а температурата ќе се движи од минимални еден до максимални девет степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слична временска прогноза, но со повеќе врнежи од дожд, ќе биде следната недела.

Никола Ивановски