Угостителските објекти ќе работат по старото работно време

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната 70-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана.

Loading...

Со тие протоколи овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега беше определено.

Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.

Тоа значи дека сите угостителски објекти во текот на работните денови ќе можат да работат до 12 часот, додека за викенд (односно петок и сабота) ќе можат да работат до 1 часот по полноќ.

Никола Ивановски

Leave a Reply