Учителка си го завела ученикот, па подоцна се омажила за него

Сподели со своите пријатели

Бејли А. Тарнер некогаш била наставничка по англиски јазик. Денеска има 26 години и е среќно мажена.

Loading...

Од 2017 до 2019 година работела како наставничка во основно училиште во американската сојузна држава Мисури, а потоа добила префрлување во средно училиште во малиот град Саркокси.

Тогашниот 23-годишната Тарнер добила група од 16-годишници да се подготват за упис на факултет. Наместо

тоа, таа завела еден од нив. Во февруари 2019 година, Тарнер призна дека имала секс со еден ученик во нејзиниот дом.

 

 

Веднаш добила отказ и е обвинета за сексуална злоупотреба на малолетник.

Loading...

Ѝ се закануваат четири години затвор, но нема да оди во ќелијата. Иако не се знае кога и каде, таа во меѓувреме се омажила за студентот, чиј идентитет сѐ уште не е познат, па затоа обвинението е отфрлено, пишува Дејли мејл.

„Не можеме да го присилиме да сведочи против неговата сопруга и немаме случај без тоа“, рекоа обвинителите.

Г-ѓа Тарнер морала да се откаже од лиценцата за настава, соопшти обвинителството, додавајќи дека случајот за нив е затворен поради бракот на обвинетиот и жртвата.