Учениците од „Сами Фрашери“ на протест побараа настава со физичко присуство (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 100 средношколци од втора и четврта година од Гимназијата „Сами Фрешери“ од Куманово денеска наместо наставата да ја почнат онлајн, се одлучија да излезат на протест и да побараат од надлежните да им дозволат настава со физичко присуство.

Loading...

 

 

Како што велат не се согласуваат да учат од дома, затоа што немаат сите средства да се приклучат на далечинско учење.

– Сите сме за физичко присуство во училиштето. Сите ресторани, кафулиња се отворени само училиштата ги затвораат. Дали коронавирусот се пренесува само во училиштата, а не и во угостителските објекти. Бараме од Министеството за образвоание и наука да ни овозможи физичко присуство во училиштето, изјави Маригона Сопи, средношколка од „Сами Фрашери“.

 

Loading...

 

Како што посочија учениците, за протестот немаат поддршка ниту од наставниците, ниту од директорот на училиштето.

Директорот Африм Алити вели дека наставата започнала онлајн, затоа што училиштето само побарало.

– Станува збор за помала група ученици и не само од „Сами Фрашери“ , туку и од други училишта, а често го злоупотребуваат нашето училиште поради локацијата. Ние сме во центар на Куманово и тука се собираат. Наставата секако мора да се изведува онлјан, бидејќи се наоѓаме во ЗИК, изјави тој.

 

 

Сепак, велат дека нема да се откажат од протестот, а нов е закажан веќе за утре во 14 часот.

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply