„УБЕР“ ќе се концентрира на велосипеди наместо автомобили

Сподели со своите пријатели

Плановите на „УБЕР“ се компанијата да стави акцент на електричните скутери и велосипеди, а помалку на автомобилите.

Директорот на компанијата Дара Косровшахи смета дека индивидуалните видови транспорт подобро ќе бидат прилагодени за возење во градовите.

Освен тоа, во „УБЕР“ проценуваат дека ќе се зголеми побарувачката за пократко возење.

– За време на „шпицот“, многу е неефикасно со автомобил да возите едно лице 10 блокови, рекол директорот на компанијата за „Фајненшл тајмс“.

Автономно возило на Uber усмрти пешак (ВИДЕО)

Loading...

Кракторочно и финансиски гледано, тоа можеби не е паметен чекор, но Косровшахи смета дека долгорочно и стратешки тоа е наскова во која компанијата сака да оди.

„УБЕР“ минатата година инвестираше многу пари во бројни фирми за производство на електрични велосипеди.

Нивниот „Џамп“ електричен велосипед е на располагање во осум американски градови, а наскоро ќе се појави и во Берлин.

Виена го добива првиот автобус без возач

Освен тоа, „УБЕР“ започна соработка со „Лајм“ компанија која зе занимава со електрични скутери, кои исто така би требало да се најдат на располагање на корисниците.

„УБЕР“, кој минатата година забележал губиток од 4,5 милијарди долари, под притисок е да го поправи работењето при очекуваното излегување на берзата.

Leave a Reply