Уапсен Мексиканец кој уби пет соседи во САД

Сподели со своите пријатели

Полицијата уапси Мексиканец осомничен за убиство на пет соседи во Тексас по четиридневна потера.

Loading...

Потрагата по 38-годишниот Франциско Оропез започна во петокот откако побегнал од местото на пукањето во Кливленд, пишува Sky News.

Тој бил пронајден како се крие под куп алишта во гратчето Cut and Shoot, кое е на околу 27 километри од неговиот дом.

При нападот во семејната куќа беа убиени пет лица, меѓу кои и осумгодишно дете.

Оропез ги убил соседите откако тие побарале од него да престане да пука во неговата градина бидејќи било вечер и се обидувале да го заспијат бебето.

„Нејзината сестра ме убеди дека САД се земјата на можностите“

Четири лица се пронајдени мртви на местото на злосторството, а петтото лице починало на пат кон болница.

Најмладиот убиен е осумгодишно дете. Под телата на двете женски жртви биле пронајдени две преживеани деца.

Таткото на една од жртвите, Осман Веласкез, вчера изјави дека неговата ќерка неодамна добила престој во САД, откако патувала во земјата пред осум години без документи.

Loading...

„Нејзината сестра ме убеди дека САД се земја на можности“, рече тој.

Властите, исто така, утврдија дека Оропез бил депортиран од САД четири пати, последен пат во јули 2016 година.