Твитер отстранува профили кои промовираат други социјални платформи

Сподели со своите пријатели

Твитер најави дека ќе ги отстрани сметките кои се создадени исклучиво со цел да се промовираат други социјални платформи и содржини што содржат линкови или кориснички имиња.

Loading...

Овој чекор ќе се однесува на содржините од социјалните платформи како Мета – Фејсбук и Инстаграм платформите, како и Mastodon, Truth Social, Tribel, Nostr и Post, а сепак ќе дозволува објавување со поврзување содржини од која било друга социјална мрежа, пренесува Reuters.

Како што објави поддршката на тој социјален медиум на Твитер, видео платформата ТикТок е изземена од оваа мерка.

Минатата недела Твитер го распушти Советот за доверба и безбедност, волонтерска група формирана во 2016 година за да ја советува социјалната платформа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инстаграм тргнува во борба против профили кои само копираат и објавуваат туѓи содржини

Промената на политиката следи по другите хаотични акции на Твитер откако Елон Макс, кој е и извршен директор на Тесла, ја купи социјалната мрежа.

Тој го отпушти целиот менаџерски тим, како и околу половина од вработените, додека размислуваше колку да наплати за претплатата на услугата Blue на Twitter.

Маск исто така ги суспендираше сметките на неколку новинари поради контроверзите околу објавувањето на јавни информации за неговиот авион.

Тој ги врати нивните сметки по критиките од владини претставници, борци за човекови права и новинарски организации од повеќе делови на светот, а некои дури изјавија дека Твитер ја загрозува слободата на медиумите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случи кога Индија го забрани ТикТок?