Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани

Сподели со своите пријатели

Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани бидејќи осигурителните компании одбија да ги осигураат, со образложение дека ризикот е голем, поради пандемијата  на Ковид 19, изјави директорот на Националната асоцијација на туристички организации на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ.

Loading...

Тој појасни дека патниците кои платиле за аранжманите до денеска и во моментот ги користат или добиле заменски ваучери имаат осигурување се додека не ги искористат.

– Туристичките агенции, поради неможноста да плаќаат за осигурување, од денеска немаат лиценци и можат да продаваат само поединечни услуги, билети или сместување во хотел, бидејќи тоа е осигурено на друг начин, рече Сеничиќ.

Тој истакна дека осигурителните компании не се согласиле да ги осигураат аранжманите на агенциите дури и под услов да ги зголемат цените на полисите и дека тоа го објавиле пред само две недели така што „туристичките агенции се ставени пред свршен чин“.

Leave a Reply