Турчинка е највисоката жена во светот: Влезе во Гинис со 215 сантиметри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гинисовата книга на рекорди ја објави веста дека една жена од Турција, Румеса Гаиџи, која има 24 години, е највисоката жена на светот.

Loading...

Таа е висока 215,16 сантиметри. Претходниот рекордер беше Кинезинка висока 233 сантиметри, која почина во 2021 година.

Румеса влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2014 година, бидејќи во тоа време беше највисоката тинејџерка во светот.

Поради последиците од болеста што предизвикува забрзан раст на Румеса, таа го поминува поголемиот дел од животот во инвалидска количка.

Нејзиниот совет до луѓето е да се сеќаваат секој ден дека секој недостаток може да се претвори во предност:

„Треба да се прифатите себеси онакви какви што сте, да бидете свесни за вашиот потенцијал и да дадете се од себе“.

Главниот уредник на Гинисовата книга на рекорди, Крег Глендај, истакна дека Турција има удел, бидејќи тие се и највисоката жена и највисокиот маж од таа земја. Султан Косен е највисокиот човек на светот.

Последен пат двајцата највисоки луѓе беа од иста земја во 2009 година, кога Кинезите Дефен и Бао Кси Шун ги држеа рекордите за највисока жена и највисок маж.

Loading...