Трикови кои ќе ви помогнат да се разбудите одморени и пред алармот

Сподели со своите пријатели

Нашите мисли и постапки можат позитивно или негативно да влијаат на нашиот ритам, а нарушувањето на спиењето има значително влијание врз нашата ментална и физичка благосостојба.

Loading...

Затоа, важно е да се придржувате до однесувања кои го поддржуваат природниот внатрешен часовник доколку сакате да се разбудите полесно наутро.

 

 

Држете се до вашата рутина за спиење

Создавањето редовна рутина што вашето тело треба да ја следи е многу важно, затоа обидете се да се придржувате до истото време на спиење и будење.

Избегнувајте да спиете во текот на денот за да ви помогне да заспиете ноќе и да му дадете на вашето тело јасна претстава за тоа кога е ден и ноќ.

Loading...

 

 

Поправете ја вашата рутина пред спиење

Избегнувајте активности кои можат да предизвикаат стрес пред спиење. Ова ќе ви помогне да го подобрите сонот и да се разбудите поодморени наутро.

Главните работи што треба да ги избегнувате вклучуваат конзумирање кофеин или алкохол доцна навечер, како и користење на мобилни телефони. Наместо тоа, обидете се да консумирате смирувачки топли пијалоци како природни билни чаеви без кофеин или да читате пред спиење.

 

Loading...

 

Разбудете се на природна светлина

Доколку е можно, држете ги завесите отворени за да влезе природна светлина. Тоа би требало да ви помогне да се разбудите без потреба од аларм, пишува 24сата.