Триесетина диви депонии лоцирани низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Десетина поголеми и дваесетина помали депонии регистрирале екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ низ кумановскиот регион.

Loading...

Како што рече денеска директорот на оваа претпријатие Даниел Стојчевски, на седницата на Советот на Општина Куманово, пред половина година била донесена одлука за стимулирање на граѓаните да го носат сметот во депонијата Дрисла, но тоа не дало резултати.

– Донесовме одлука да ги стимулираме грѓаните да го изнесуваат сметот на депонијата во секое време по цена од 0,2 денари по килограм. Мислев дека ќе ги стимулираме, тоа е многу мал износ за 100 килограми смет 20 денари, но тоа не даде резултати. Во рамките на јавното претпријатие започнавме акции, ги насловивме како „Акции за почисто Куманово“ и секоја сабота екипите навлегуваат во одредена населба и расчистуваат одредено место каде има поголема колчина смет, паралелно со тоа, со оние задолжени за изнесување на сметот направивме напори и исчистивме десетина помали депонии пред се во центарот, рече Стојчевски.

Во неколку наврати се чистени депониите кај „Туш“, „Бејтови ниви“, „Пармакови ниви“, како и големата депонија во селото Проевце, но по само неколку дена сметот повторно ги преплавува овие локации.

https://www.instagram.com/p/Bu7DxNClpYT/

фото: архива

Leave a Reply