Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

На крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе вчер аоколу 10:25 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(57), двајцата од село Тромеѓа, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П. од возилото „тојота“ и била пренесена во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачот С.М. и сопатничката М.Д. и биле пренесени во болницата во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply